Овој човек престанал да пие кафе, после 30 дена раскажа како се чувствува

Овој човек престанал да пие кафе, после 30 дена раскажа како се чувствува
Овој човек престанал да пие кафе, после 30 дена раскажа како се чувствува

За некои денот неможе да започне без кафе, но Барон решил целосно да се откаже од кофеинот а потоа следел како се чувствува.

„Ништо лудо не се случи. Немав главоболки, не бев депресивен, дигестијата ми беше уредна, ако не и подобра од претходно“, вели Јутјуберот.

Меѓутоа, признава дека можеби тоа е резултат на припремата за експериментот. Еден месец претходно го намалил внесот на кофеин – утринската шолја кафе ја намалил на половина и попладне пиел чај.

„Ако одлучите целосно да го отфрлите кофеинот, ќе ве изненади во колку работи тој всушност се наоѓа“.

Чејс се чуствувал постабилно без кафе и немал нагли падови на расположението и енергијата.

„Научив дека ништо не се менува ако мојот живот не вклучува кофеин, но едноставно го сакам, особено во облик на кафе. Ми недостасува вкусот и мирисот, рутината на пиење кафе во кафуле. Кафето е друштвен ритуал во кој сакам да учествувам“, заклучил Барон.