Погледнете ја реакцијата на сестрите во породилното оделение за време на земјотрес (Видео)

земјотрес
Погледнете ја реакцијата на сестрите во породилното оделение за време на земјотрес

Безбедносната камера во една болница во Јужна Кореја забележала ситуација за време на земјотрес во гинеколошкото оделение. Одличната реакција на медицинските сестри спречила можна несреќа за многу бебенца.

За време на неодамнешните земјотреси во Јужна Кореја камерата во една болница забележила неверојатна ситуација. Кога земјотресот започнал, количките во кои биле сместени бебењата почнале да се движат низ собара со голема опасност бебето да падне.

Медицинските сестри инстиктивно реагирале и со брзински реакции ги задржале количките. Во несреќата, ниедно бебенце не е повредено и се поминало во најдобар ред.