Поради сообраќајка отишла во болница: Докторите пронашле две големи игли во нејзиниот мозок (фото)

20 годишна жена од кинескиот град Гвангжу имала сообраќајна несреќа во која имала полесни телесни повреди. Но за секој случај таа решила да се прегледа во локалната болница.

Сосема неочекувано на скенерот, докторите виделе две големи изгли во мозокот на девојката. Иглите биле со должина од 5 сантиметри и немале поврзаност со сообраќајката која се случила.

Девојката била зачудена од тоа бидејќи до сега немала главоболки ниту некое необично чувстно на темето, пренесува кинескиот портал Соху.

Игли во мозок
Игли во мозок

Откако докторите прецизно ги прегледале снимките, заклучиле дека иглите прецизно се позиционирани, па претпоставуваат дека додека била мала, други доктори и ставиле игли поради некоја причина.

Точната причина за иглите во нејзиниот мозок не е позната, па девојката ќе го продолжи својот живот со сознание дека има игли во мозокот.

Извор: Објектив.рс