Последната желба: Син ја крева мајка си од количка за да танцуваат на неговата свадба (емотивно видео)

Посветен син ѝ ја исполни најголемата желба на мајка си додека таа се бореше со Амиотрофична латерална склероза (АЛС). Во емотивното видео, тој ја носи на подиумот и ја подига од количката за да танцуваат на неговата свадба.

Младоженецот и невестата, како и сите гости, не успеаја да ги задржат солзите.

На 57-годишната Тери Хајтауер ѝ била дијагностицирана АЛС, прогресивна неуродегенеративна болест предизвикана од дегенерација на моторните неврони, нервните клетки во централниот нервен систем кои го контролираат волното движење на мускулите. И покрај тоа што била во количка и нејзиното здравје многу се влошило, нејзиниот син Скутер не се откажал од идејата да ѝ ја исполни последната желба – да танцуваат на неговата свадба.