Родители, да ги штитиме децата со темјан и молитва од коронавирусот: Шокантна порака од учителка од Нови Сад

Прво, Оче наш и темјан, па може часот да започне“.
Накратко, вака може да се прераскаже предлог – пораката на една наставничка во Вибер група со родители, која се појави на социјалните мрежи и предизвика бура од коментари.

Ден пред училишните sвона да го означат почетокот на учебната година во Србија, наставничка на четвртооделенци, во основното училиште „Иво Лола Рибар“ во Нови Сад испратила предлог до родителите на нејзините ученици.

Тој предлог гласел: Дали се согласувате дека треба да палиме темјан во училницата секој ден пред почетокот на часовите и да ја кажуваме молитвата Оче наш.

Под прашањето, родителите останале со можноста да гласаат дали се согласуваат со тој предлог или не, а огромното мнозинство, поточно 18 родители го поддржале предлогот на наставничката, додека неколкумина се спротивставиле, јавуваат српските медиуми.

Под објавата имало слика на која се наведува дека не постои вирус што ќе преживее во куќа во која секој ден се пали темјан.

Објавата бргу била споделена на социјалните мрежи и предизвика безброј коментари.

Една од мајките што го сподели прашањето на наставничката се прашува дали е можно дури и да се побара такво нешто од нив, кога Србија е секуларна држава.

Повеќето од коментарите под објавата биле дека истата е „застрашувачка“ и „шокантна“.

извор:Женски Магазин / mondo.rs