Сите ми кажуваат дека сум премногу убава да возам автобус: Кога влегуваат патници и ќе ја видај Џоди (24) зад воланот, тие остануваат без зборови!

Џоди Ли Фокс има 24 години, живее во Велика Британија и вели дека ги шокира патниците со својот изглед. Таа работи како возач на автобус веќе три години и вели дека оттогаш, патниците и велеле дека е „премногу убава за таа работа“.

Кога мажите влегуваат во автобус, секогаш е истата реакција: „Ти си толку убава!“ Или „Никогаш во животот не сум видел толку убав возач на автобус“, изјави таа за „Yahoo“.

Луѓето велат дека сум убава за возач на автобус и добивам коментари од некои жени кои редовно ги фалат моите нокти, коса или шминка.

Џоди објави снимки од нејзината работа на ТикТок, кои привлекоа големо внимание, но таа ја деактивираше сметката на оваа мрежа.

И претходно објавував снимки, но не во работна униформа. Луѓето полудеа сè додека не објавив дека сум возач на автобус, рече Џоди, која претходно работеше како старател.

Таа спомена дека планира да вози автобус се додека не замине во пензија. Џоди очигледно доби и многу негативни коментари.