Сопругот во шок: Мајка потроши 1.500.000 денари за шестиот роденден на ќерката

Сопругот во шок: Мајка потроши 1.500.000 денари за шестиот роденден на ќерката
Сопругот во шок: Мајка потроши 1.500.000 денари за шестиот роденден на ќерката

Никол сакаше да организира раскошна забава за своето мало девојче, бидејќи таа е единствената во семејството што се уште обожава бајки и сака да биде принцеза. На сопругот му најавила дека ќе отроши околу 500.000 денари, а потрошила – три пати повеќе.

– Таа е моето единствено дете кое живее во бајка и сакам да го овековечам тој момент – рече Никол во емисијата Outrageous Kids Party на TLC. На сопругот му објавила дека ќе ѝ треба буџет од околу 10.000 американски долари или околу 500.000 денари, но трошокот се покажа тродупли.

Мама Никол потрошила повеќе од 30.000 американски долари или повеќе од милион и пол денари, за да ја подготви прославата за 6-от роденден на нејзината ќерка, да ѝ направи забава од бајките, на несреќа на нејзиниот сопруг. Таа смета дека тоа бил последен момент за нејзината ќерка Грејси да организира прослава за паметење, бидејќи нејзините две постари деца – на возраст од 16 и 18 години веќе не се грижат за такви роденденски забави.

Сопругот ја молел да ги држи трошоците под контрола.

„Не мислам дека најдобрите работи во животот доаѓаат со големи забави“, вели таткото, но плановите на неговата сопруга наскоро ескалирале. А со тоа и буџетот за роденденската забава, бидејќи таа одлучила да изнајми замок каде ќе се одржи забавата и 2.000 цвеќиња за да го украси, како и 300 костими за деца, скулптура од мраз и храна за 250 гости.

Значи, прославата на Грејс на крај чинела околу трипати повеќе од првичниот план. Таа пристигнала на прославата со нејзините родители во кочија, за што таткото заклучи: „Претпоставувам дека ќе банкротирам после ова“.

Никол дури и ангажирала шминкер, кој требало да ја подготви малата принцеза Грејси, но шестгодишното дете навистина не покажало интерес за тоа. Кога конечно била подготвена, влегла во кочијата со коњи и пристигнала во големиот замок, каде што ја чекале многу гости.

Иако станува збор за забава од најлудите соништа на повеќето шестгодишни деца, Грејси не била баш воодушевена од сето тоа. Кога ја видела својата 8-катна торта, таа била прилично бесна.

– Грејси е малку перфекционистка, како нејзината мајка и кога ја донесоа торта пред неа, таа рече: „Нели требаше да биде сина?“ и почна да плаче – вели Никол, која ангажирала и професионални танчери за да танцуваат.

ВИДЕО: Еве како изгледаа подготовките за роденденската прослава на Грејс:

Но, наскоро насмевката се врати на лицето на нејзиното мало девојче. Кога ѝ беше врачен подарокот за роденден, розова кола во нејзина големина, Грејси останала воодушевена, пренесува „Сан“.

извор:24sata.hr
фото:Schreenshoot/TLC