СВАДБА ОД ПЕКОЛОТ: Младоженецот се онесвестил, а она што невестата и нејзината мајка го доживеале од кумот е скандал над скандалите!

Свадбените приказни се често убави, трогателни … Но, има и други.

Најлошите работи што можат да се случат на свадба често потекнуваат од алкохолот, и ова е една од таквите приказни – можеби најлошата!

Сè се случи на свадба во Велс, кога Един Мејсон-Џорџ и Стефан Вилсон ги собраа гостите да се заколнат во вечна љубов пред нив.

Свадбата во локалниот хотел се одвивала според планот, алкохолот течел, а во еден момент младоженецот се опил толку што невестата и нејзиното семејство започнале да го носат, додека тој се влечкал, по скалите за да се качи во собата и да спие малку.

Братот и кумот на младоженецот, Томас Вилсон, исто така бил „под гас“ и почнале да му вика на семејството на младата, извикувајќи им дека неговиот брат „не требаше да се ожени со обична учителка“ и како тој ќе се откаже од тоа.

Ја нападнал мајката на невестата, а потоа и неа, и ја влечел за венчаницата по скалите сè додека таа не изгубила рамнотежа и паднала. Останатите гости со неверување го гледаа инцидентот. Семејството на невестата го пријави кумот во полиција!

Целиот случај доби судски епилог, иако немаше сериозни повреди, но судијата Гвин Џонс рече дека „грдите спомени од овој настан, кој требаше да биде убав, ќе останат засекогаш“.

Кумот се бранеше велејќи дека невестата му удрила шлаканица на неговиот брат и го турнала по скалите, но бидејќи изјавите на сведоците не можеа да го потврдат ова, кумот беше осуден на 12 месеци општокорисна работа и му беше наредено да плати надомест за душевната болка што ја претрпеа Ерин и на нејзините родители.

Двојката се разведе по само четири месеци, Ерин најде нов партнер, а нејзиниот сè уште законски сопруг во меѓувреме беше обвинет за обид за убиство.