Свекрва ми ги однесе чизмите на гробишта – како ќе скапуваат тие, така и јас да скапувам

Свекрва ми ги однесе чизмите на гробишта – како ќе скапуваат тие, така и јас да скапувам
Свекрва ми ги однесе чизмите на гробишта – како ќе скапуваат тие, така и јас да скапувам

Се врати Миле од работа па му раскажав што се случи. И нему не му се веруваше. Сепак, мајка му е…

Од првиот ден ме мразеше! Кога бев млада бев многу убава, со долги и витки нозе, па многу убаво ми стоеше минич. Миле беше зацопан во мене, а богами и јас во него. Таа, мајка му, уште од самиот почеток кога првпат ме запозна, почна да ме навредува. Но Миле не и обраќаше внимание.

Постојано слушав муабети од неа, па еднаш дури преку една стринка ми испрати закана. Ама со Миле бевме млади и вљубени, а јас – што од инает го носев миничот, што за ќеф на Миле.

Се зедовме со Миле и кратко време живеевме заедно со свекрва ми и свекор ми. Секој ден ми префрлаше за нешто. Секој ден плачев. Миле имаше земено кредит од работа па дигавме уште еден кат на куќата, за да можеме да живееме одвоено.

Агонијата траеше една година. Конечно се преселивме еден кат врз нив. Ми се роди синот, па бев на породилно отсуство. Секој ден се качуваше за да тропа, го будеше малиот, го дразнеше, а еднаш дури толку ме навреди што цел ден плачев! Ми рече: којзнае чиво е детево, наше сигурно не е! Не личи на Миле!

Ова дур сум жива ќе го памтам! Ставаше ќебиња врз глава и демек го игра детето а таа го плашеше и го стресуваше. Пееше некоја глупава песна: Иде Меца, иде меца, се симна од планина, ууууууууу…
Често му фалеа бенкичиња и блузички, а по некое време мистериозно се појавуваа. Почнаа сосетки да ми доаѓаат и да ме предупредуваат дека свекрва ми правела магии за мене и детето да сме умреле. Одела и кај Оџата.