Светот “полуде“ по нив – направете си самите куќа за два дена без градежна дозвола и заштедете илјадници евра

Светот “полуде“ по нив – направете си самите куќа за два дена без градежна дозвола и заштедете илјадници евра
Светот “полуде“ по нив – направете си самите куќа за два дена без градежна дозвола и заштедете илјадници евра

Во светот на градежништвото секој ден се изнаоѓаат нови и поедноставни начини за создавање на пристоен дом за живеење. Ова е еден уникатен начин, кој покрај тоа што е многу брз исто така е и многу економичен, затоа што за овие куќарки нема да платите ниту колку за еден стан, а изгледаат прекрасно.

Популарните куќички масовно се градат надвор од Соединетите Американски Држави. Имено компанијата Амазон понудила мали куќички кои брзо се монтираат, а чија популарност расте со брзина на растот на цената на недвижнините. Поради тоа, трендот за изградба на овие куќички завладеа не само во САД туку и пошироко.

Амазон моментално во својата понуда има десеттина различни модели од 10 па до 40 квадратни метри одлични за викендица, канцеларија или деловен простор. Иако мали, овие брзомонтажни недвижнини имаат апсолутно сè што е потребно, кујна и тоалет, дневна соба и спална соба која е сместена во поткртовјето. Освен класичната опрема, голем дел од нив имаат и тераси.

И цената е пристапна, се движи од 15.000 долари, колку што чинат оние наједноставните. Дополнително за нивното поставување не е потребна градежна дозвола, а може да се вселите за само два дена.

Доколку овие мали куќички ви се премали, Амазон нуди поголеми од 500 квадрати и секако дека истите се поевтини и од еден стан. Компанијата која ги нуди овие куќички преку Амазон платформата е британската Lillevilla, а во описот се тврди дека куќите се доволно големи за да функционираат како викендици, место за престој, канцеларии па дури и како деловен простор.