Татко посвоил “Диво девојче” кое било заклучено во мала соба првите 6 години од својот живот

Татко посвоил “Диво девојче” кое било заклучено во мала соба првите 6 години од својот живот
Татко посвоил “Диво девојче” кое било заклучено во мала соба првите 6 години од својот живот

Многумина велат дека нема ништо повредно од љубовта на родителите кон своите деца, но тажната вистина е дека постојат многу насилни родители кои се однесуваат навистина лошо кон своите деца.

Дани Лироу била заклучена од својата мајка во внатрешноста на мала соба во нивниот дом, цели шест години од нејзиниот живот. Ова дете, кое веднаш откако било откриено, не можело да јаде, чита или пишува.

Кога Дани била пронајдена во Јули 2005 година, детективите откриле дека ова е најлошото ниво на злоупотреба и малтре тирање на дете некогаш видено.

Таа пораснала во навистина валкани услови

Дани била пронајдена откако еден од соседите забележале девојка која гледа низ скршениот прозорец. Детективите кога влегле во домот, ја пронашле во мала просторија, со големина на гардеробер, која била валкана, а можеле да се забележат и мали глодари, како и измет.

Таа од детективите бил пронајдена како лежи на каллив душек, а била прекриена со вошки и муви, поради валканите услови во кои живеела.

Нејзиниот случај беше “најлошото занемарување кое некогаш сум го видел”, изјавил Марк Холст, полициски детектив кој ја пронашол. Тој додаде дека мирисот во домот, направил тој да се чувствува лошо.

Девојчето тежело смо 20 килограми, а според докторите, таа не можела да зборува, не можела да оди, ниту пак да јаде храна.

“Јас сум вработен во полиција 27 години, но ова е најлошото нешто кое сум го видел”, додаде полицискиот детектив Холст.

Детективите заклучиле дека таа има 7 години, и дека постојано била заклучена во премногу мала просторија, која била целосно темна.

Нејзината мајка воопшто не ја сфатила ситуацијата

Пред да биде откриена од полиција во 2005 година, луѓето всушност пријавиле занемарено ало девојче кое било прегладнето два пати во 2002 година. Социјалните ртаботници ја контактирале мајката но таа одбила да помогне, така што ништо не било направено.

Мишел Крокет, самохрана мајка и вдовица, била уапсена, но изјавила дека го направила она што најмногу можела да и го дозволи на својата ќерка. Таа била осудена на две години домашен притвор.

Потоа, Дани била згрижена од социјалните служби, таа била на болничка нега шест недели, и дека можела да јаде само со помош на шише.

“Направивме генетски тестови, невролошки скенови. Таа беше сосем во ред, но немаше волја за ништо”, изјавил Катлин Армстронг од Универзитетот на Јужна Флорида.

“Јас сум училишен психолог 20 години, и никогаш не сум видела дете како Дани”, изјавила Катлин Армстронг.

Кој би го посвоил ова девојче?

Две години откако била спасена, Дани била посвоена од Берни и Дајан Лироу, кој изјавиле дека сакаат ќерка и дека господ ја сместил токму неа во нивните животи.

“Таа изгледаше како да сме и потребни”, изјавил Берни Лироу.

Тие за прв пат се сретнале на состанок во агенцијата за посвојување. Се што им кажале е “дефинитивно не ја сакате неа”.

Една од вработените и рече на мојата сопруга “нешто не е во ред со неа, оваа девојка не е за посвојување”, додал Берни.

Но, паралелно на сите предупредувања, тие ја посвоиле, а нејзиното одгледување било огромен предизвик.

Поради условите во кои растела, Дани имала неколку проблеми во развивањето, а ова било огромен проблем за нејзиното ново семејство имајќи во предвид дека тие не знаеле како ќе изгледа тоа.

Тие не знаеле дали таа некогаш ќе започне да јаде со лажица и вилушка.

Нејзиното ново семејство и помогнало на Дани, таа научила неколку основни вештини кои ги учат новороденчињата. А терапијата која и ја овозможило нејзиното семејство го променила нејзиниот живот.

Семејството Лиероу ја носело на плажа, јавање на коњи, окупациска терапија, во црква, а неколку доктори ја учеле и како да плива.

Тие дури ја запишале во јавно училиште, во специјални часови за едукација. Дани исто така иала приватна терапија пет недели во неделата се со цел да започне да зборува.

Во 2011 година, семејството пријавило неколку подобрувања. Дани можела успешно да зарши неколку задачи кои пред тоа за неа изгледале невозможни.

“Таа може да замине во кујна, да земе чаша и да си наполни вода. Таа сега е и многу поотворена, гледа во луѓе, а некогаш знае да им се приближи и на луѓе кои воопшто не ги познава”, изјавило семејството.

Но, Дани не покажала знаци на говор

Иако Дани направила огромно подобрување во некои аспекти од нејзиното однесување, таа се уште не можела да комуницира. “Таа ја јадеше четката за заби, како и нејзиниот чешел. Тие сакаа да ја научам на знаковен јазик, но јас се откажав од тоа”, изјавил Берни. “Таа никогаш не би возвратила”.

Дајан се откажала од својата надеж, но Берни никогаш не го направил тоа.

После 18 години брак, Лиероу се развеле. Иако Берни никогаш не ја обвинил Дани како причина за разводот, тој знае дека грижата за неа, платила одредена цена з нивниот брак. Тоа е стресна одговорност, а токму поради тоа, тие двајца поминувале се помалку време заедно како пар.

Како што Дани стареела, Берни заклучил дека повеќе не може да се грижи за неа целосно сам. Кога некогаш ќе ја изнел во јавност, таа ќе направела сцена, што можело да ја аармира полицијата.

“Стана многу потешко, кога во еден момент реков дека ова е премногу за мене”.

Тој одлучил дека најдобро е Дани да биде сместена во групен дом во Тенеси, блиску до неговиот дом. Тоа беше тешка одлука, но неизбежна.

Дали вредеше?

Сега, како што изјави Берни, таа покажа знаци на подобрување и знае да соработува. Но се уште не зборува или пишува, но таа го препознава своето име, некогаш ги забележува своите цимери и престана да вика.

Некои луѓе ме прашуваат “Дали вредеше”? Се до денес, Дани не беше во можност да ја сфати љубовта која и беше дадена поради тра умите од минатото, но се уште ја посетувам и мојата љубов кон неа не е промената.

Во перидоот на закрепнување таа ниту еднаш не остана без љубов, внимание и основни потреби за живот, семејството ја прифати на вистински начин и беше дел од нас.

Берни ја посетува секој месец, со надеж дека нејзината состојба ќе се подбри.

“Таа е две годишно дете, заработено во тело на 19 годишна девојка. Но таа секогаш ќе биде моето малечко девојче”.
Секој заслужува да се чувствува сакан и ценет, и да биде безбеден во тоа чувство.