Тројца татковци за прв пат се наведени во извод на родени

Тројца мажи влегоа во историјата откако судот им дозволил на сите да бидат наведени во изводот за родените на детето.

Иан Џенкинс, Алан Мејфилд и Џереми Ален Хоџис донирале ембриони и со помош на сурогат мајки добиле две деца, ќерката Пајпер и синот Паркер.

Триото влегло во правната историја во 2017 година, кога судијата им дозволил да бидат во изводот на родените на Пајпер – што било главна пресвртница за полиаморни семејства да добијат признание во САД.

„Еден од пријателите на Џереми ни понуди ембриони што останаа од создавање семејство преку вештачко оплодување, но тие не можеле да ги користат“, рече Ијан, инаку лекар, за Хаф Пост. „Имавме можност да посвоиме ембриони и да донесеме одлука за воспитување на самохрано семејство.

Нивното најстаро дете веќе е на предучилишна возраст и велат дека другите родители ги поддржуваат и ги замолуваат да им кажат детали за нивната приказна.

Алан, кој бил во врска со Иан 17 години и со Џереми 8 години, за британскиот The Morning Show изјавил дека најголемиот предизвик е законот. „Се расправавме на суд – тоа беше прилично интересна, напната сцена во судницата“, рече тој.

„Отпрвин се чинеше дека нема да смееме, затоа побаравме говор пред судот и го кажавме нашиот став, а судијката на крајот се предомисли и ни додели родителски права за нашето дете пред да се роди“.

Иан, исто така, напишал неодамна објавена книга за нивната приказна наречена ,,Тројца татковци и бебе”.