УСПЕАЛ ВО НЕВОЗМОЖНОТО: Ги изгубил изборите, а бил единствен кандидат

Политиката често пати носо големи изненадувања.

Иако бил единствен кандидат за градоначалник во општината Лезина, во градче од 6000 жители, член на партијата „Лига“, Примијано ди Мауро, успеал да изгуби на изборите.

За да бидат важечки изборите било потребно да гласаат најмалку 50% од избирачите, но во таа општина гласале 49% од жителите.

Така победата која била сигурна, бидејќи немало конкуренција, се претворила во бизарен пораз бидејќи немало противкандидат.

Весникот што ја пренесе оваа вест, која е во рубриката „верувале или не“, пишува дека победиле оние кои ги бојкотирале изборите, односно не го искористиле своето демократско право да гласаат.

Апстиненцијата била фаворизирана од страна на две групи локални политичари – „Поинаква Лезина“, која е блиска на партиите од десниот центар и другата група – „Но кворум“, по политички уверување блиска до Демократската партија. Бидејќи не е избрана локална влада, со градчето Лезина ќе управуваат таканаречени комесари.