Жената си ја отвори душата: Сопругот ме изневеруваше додека нашиот син во болница се бореше за живот

Маж од Австралија и кажал на својата жена дека ќе мора да замине неколку недели, за да ја подготви фамилијарната куќа за изјамување. Потоа измислил дека целиот процес трае подолго, при што му помога и долгогодишна пријателка.

Ја изневерувал својата сопруга со пријателка, а се започнало откако на нивниот син е констатирана страшна дијагноза – акутна миелоидна леукемија.

Анонимна Австралијанка објаснила дека нивниот син имал само 14 месеци, кога дознале за болста, поради што веднаш завршил во болница, пишува Дејли Маил.

Таму шест недели се борел за живот, на одделението за итни случаи, а мајка му често била крај него. Нејзиниот сопруг утехата ја барал во прегратките на друга жена.

Дека со малиот син нешто не било во ред забележала затоа што често повраќал и имал чудни големи модринки по телото. По дијагнозата, примил интензивна кемпотерапија.

Додека сето тоа траело, нејзиниот сопруг умешно измислил дека бара луѓе за изнајмување на куќата, во сето тоа му помога и пријателка, а всушност тоа била неговата швалерка, која им била заедничка пријателка.

Австралијанката се посомневала дека се работи за нешто друго, откако приметила како тие двајца се многу блиски и одлучила да праша што точно се случува. Најпрво нејзиниот сопруг се обидел да лаже, но набрзо потоа и признал на сопругата дека е вљубен во друга жена.

Во неа нешто се прекршило одвнатре, одлучила дека не сака да живее со таков маж и решиле да се разведат. Нивниот син денес има 7 години, живее со мајка му и двајцата се крајно среќни. Нејзиниот поранешен сопруг пак заминал да живее со пријателката.