Жени, бегајте од овој вид на мажи, овие се дефинитивно најлошиот тип

Жени, бегајте од овој вид на мажи, овие се дефинитивно најлошиот тип.

Препознајте ги!

“Бумеранг” маж е нов поим во светот на љубовните односи. Тоа е оној маж кој ви се јавува, веп овикува на дејт, а штом работите станат малку посериозни – исчезнува.

Би било добро тие да останат на тоа “заминување” , но тие имаат традиција да се вратат и повторно заминат кога ќе стане досадно.

Факт е дека со нив никогаш нема да имате нешто сериозно, а еве како да ги препознаете.

Тие всушност поголемиот дел од времето сакаат само секс. Не можат да остварат сериозна врска, па ве викаат кога им треба малку забава.

Во ред е доколку и вие сакате таков однос, но тие се воглавно толку себични што ниту тој интимен чин со нив не е некое уживање, бидејќи тие го гледаат исклучиво своето уживање. Важно им е само да го добијат она што тие го сакаат.

“Бумеранг” мажите се многу незрели и често се споредуваат со средношколци. Тие не знаат за почитување жена, овозможување поддршка и љубов. Воглавно ги искористуваат девојките на неколку недели или месеци, се додека не најдат нова жртва.

Константното јавување и враќање ви овозможуваат надеж дека сепак им значите и дека можеби, еден ден, ќе биде нешто сериозно од вас двајцата – тоа се нарекува манипулација. Сфатете, ваквите мажи се само губење време. Немате ништо од тоа со нив да влегувате во разговори, да се отварате и запознавате.