Нов опасен тренд кај младите: Не е дрога ниту цигара, а експертите велат дека предизвикува страшни последици!!!

Не е легален, но лесно може да го набавите. Не е дрога ниту цигара. Тоа е мелен тутун кој е спакуван во минијатурни кесички чај. Некои велат дека е добро за откажување од пушење, додека други велат дека е поопасно од цигарите, а бидејќи е лесно достапно, сè повеќе го користат средношколците.

Тутунски производ со невообичаено име може да се купи во некоја од продавниците. Влажниот, исечен тутун, спакуван во мали вреќички, претежно го купуваат тинејџери.

„Тутунската индустрија го промовираше како нешто што е помалку штетно, помалку опасно и дека е средство за откажување од пушењето, но ништо од тоа не е точно, бидејќи студиите го покажаа токму спротивното“ – вели д-р Ика Пешиќ, член на Националната комисија за контрола на тутунот.

По приближно три години континуирана употреба, може да предизвика рак на усната шуплина, а по пет години, сигурно предизвикува рак на грлото, дишните патишта, стомакот и панкреасот. Покрај тоа, тој е многу опасен за кардиоваскуларниот систем, бидејќи има многу високи концентрации на никотин.

„Кога станува збор за зависноста, иста е, ако не и поголема отколку со другите тутунски производи, бидејќи концентрацијата на никотин е многу поголема“ – додава Пешиќ.