Трогателно сведоштво на родилката која остана без неколку органи по породувањето во Струга

Oд мојот најсреќен ден докторите во струшката болница направија пекол. 28 годишната медицинска сестра во Брза Помош, Јилдиз Веповска цели 4 дена ги поминала во вистинска агонија во болницата во Струга пред докторите воопшто да се решат да проверат зошто туку што породената мајка има толку силни болки во стомакот.

Иако постојано се жалела дека не се чувствува добро, докторот Асани 3 дена по породувањето и донел отпусно писмо и и рекол дека е подготвена за дома.
Само што го повикала сопругот, ситуацијата и се влошила.

Влезот во операционата сала е последното нешто на што се сеќава Јилдиз. По 10 дена во кома се разбудила на скопските клиники кога дознала дека нема матка, јајник и еден бубрег.

Семејството Веаповски се сомнева дека целиот процес на породување наместо докторот Мухамед Асани го вршел неговиот син кој му бил асистент и се сомневаат дека тука некаде настанала грешката. Ангажирале адвокат кој сега подготвува кривична пријава за директорот на струшката болница, докторот Мухамед Асани.

Сега на потег е Министерството за здравство кое вчера информираше дека случајот го разгледува стручна комисија.