Куче кое работи како доставувач на сметки (Видео)

Куче кое работи како доставувач на сметки
Куче кое работи како доставувач на сметки

Кучето Maizey и помага на секретарката во ветеринарната болница.

Кога секретарката ќе го повика лабрадорот Maizey, тој подготвено се јавува за извршување на задачите. Таа треба само да каже “Принтер” и Maizey ведмаш со устата ги зема печатените сметки и ја чека следната наредба.

Откако секретарката ќе ја потпише сметката, Maizey ја носи на личноста за која е наменета, а како награда за добро завршената работа тој добива солено колаче за кучиња.

Луѓето се воодушевени од Maizey и постојано го снимаат, а снимките ги објавуваат на Youtube. Од неодамна ова куче има и свој помошник.