Можете ли подобро? Погледнете го кралот на паралелното паркирање (Видео)

Можете ли подобро? Погледнете го кралот на паралелното паркирање
Можете ли подобро? Погледнете го кралот на паралелното паркирање

Паралелното паркирање е еден од најголемите проблеми на бројните возачи.

Речиси никој не сака паралелно или бочно паркирање, особено кога автомобилот треба да се паркира на тесен простор. Доколку не влезете со возилото како што треба, многу брзо станувате фрустрирани, но некои знаат да се паркираат на овој начин без никакви проблеми.

Таков пример нѝ доаѓа од Индија – овој маж е вистински експерт во паралелно паркирање. Тој не само што го паркира комбито на „Toyota“ без проблем, туку тоа го прави на исклучително мал конзолен паркинг над канал. Неговата вештина на паркирање ја снимила неговата сопруга од балконот и ја испратила на својот брат, а неколку дена подоцна видеото станало вирално.

Најинтересното во оваа приказна е што автомобилот не е во сопственост на спретниот возач, туку истиот го позајмува од пријател за работа. А неговиот опис на работното место вклучува и возење на автобус и теренец на тежок терен, па затоа паркирањето на една „Toyota“ не му претставува никаков проблем. Секоја чест!