Одбери јаболко и дознај за себе нешто интересно

Одбери јаболко и дознај за себе нешто интересно
Одбери јаболко и дознај за себе нешто интересно

Јаболко бр.1

Вие сте отворен и искрен човек. Никогаш не се обидувате да ја сокриете вистината, па каква и да е таа.

Немате скриени намери ниту зли мисли. Не се плашите да бидете свои, не ставате маска, и можеби токму во тоа лежи вашата неверојатна способност за преживување во сите ваши падови и подеми.

Вие наоѓате среќа и задоволство во мали работи, и не се грижите премногу. Најголемо задоволство ќе ви пружи едно обично зрело јаболко кое токму сте го набрале од гранка.

Јаболко бр.2

Имате жив карактер, полни сте со енергија. Досадата ви е ваш смртен непријател, а со самото тоа и вашиот живот не е досаден бидејќи е преполн со настани и авантури.

Да се пронајдат – тоа е вашето мото. А, всушност, семожните авантури сами ве пронаоѓаат. Се’ што е оригинално и полно со впечатоци, ви носи радост и живот. Вашето јаболко, секако, во глазурата е поросено со чоколадни трошки!

Јаболко бр.3

Вие сте интересна личност. Истото го мисли и вашето опкружување. Но, вие мислите малку поинаку. Вам ви се својствени оптимизмот, фантазијата и чувството за убавина. И тоа ги инспирира луѓето. Се’ што се случува во вашиот живот, е многу интересно за луѓето околу вас.

Вие сте убедителни, па дури и ако не се трудите некого да го убедите во било што. За вас е најслатко едно добро парче домашна пита од јаболка, која остава сладок вкус во устата.

Јаболко бр.4

Вашиот адут е – сигурност. Како блиндиран ролс-ројс, како карпа на која можете да се потпрете. Поседувате ретки квалитети со избалансирани мисли, чувства и постапки.

Воздржани сте, но тоа понекогаш се граничи со скромност. Повеќе слушате отколку што говорите, и тоа апсолутно ви одговара. Толку сте верни и доверливи, што со вас, навистина, човек може и во оган и во вода. Вашиот десерт е чашка вкусен јаболков ликер.

Јаболко бр.5

Радост! Кога ќе ве здогледаат, се наметнува токму тој збор. Го живеете животот со полно срце, а адреналин не ви е потребен. Животот е убав – и во тоа е неговиот шарм.

Вие ги цените секојдневните вкусови, звуци, мириси, убавина. За вас дури и рутината е прекрасна и необична. Вие сами ја правите таква. Од моментот на будење вие го живеете секој миг, ви се допаѓа соединувањето со светот околу вас. А најискрената среќа – е таа, во едноставните работи. Како што се обичните јаболка, набрани од гранка.

Јаболко бр.6

Вие сте духовити и остроумни. Имате брз ум и моментна реакција. Се’ решавате во движење.

Дури, и доколку не сте премногу друштвени, по потреба можете да бидете разговорни и забавни. Многу сте интелигентни и духовити, умеете да ги забавувате луѓето, не повеќе од тоа. Која е вашата слабост? Во бокал добро јаболково вино со парче убаво сирење.

Извор:нмд.мк