Дали може да познаете кога некој е болен? Научниците тврдат дека можете!

St Andrews University

Според научниците на луѓето им е потребно само неколку секунди да дознаат дали некој човек е болен или не.

Иако човечкото лице може да открие дали е некој болен со самата промена на бојата на лицето и други физички знаци, научниците сакале да докажат дали навистина луѓето имаат “чувство за болест”.

Затоа одлучиле да дојдат до конечниот одговор така што некои луѓе ги разболеле намерно.

Photo: Pixabay.com

Тие во истражувањето користеле фотографии од луѓе кои што ги заразиле со ешерихија коли, а потоа им дале фотографии кои што биле сликани пред да се разболат и откако се разболиле.

Се што требало да направат доброволците е за помалку од 5 секунди да погодат на која фотографија луѓето се болни, а на која не

Резултатите биле одлични во препознавањето на фотографиите. Испитаниците во 95% од случаите погодиле кое лице е болно, а кое здраво.

Според научниците, а и според испитаниците за да дознаат кое лице е болно тие се воделе по некои физички знаци на лицето: бледо лице, бледи узни, опуштени агли на узните и надувано лице.

Па така доколку на горната слика одговоривте дека левото лице е болно тогаш сте и вие едни од оние кои што можете да погодите кога некој е болен.