Можете ли да ја најдете мачката на оваа фотографија?

Пронајдете ја мачката денес, напиша извесна Кејт на својот профил на Twitter, не сфаќајќи дека фотографијата од нејзината полица за книги и украси ќе направи вистински хаос на социјалните мрежи.

Кејт поседува куче и мачка, а мачката често сака да ползи и да дреме на нејзината полица за книги. Бидејќи најверојатно не ја забележала на почетокот, решила да ја сподели мозгалката на Twitter, а потоа настанал хаос.

Дури 229.000 корисници се обиделе да го лоцираат нејзиното милениче, многумина се обидувале и се обидувале, а само неколкумина успеале во тоа. Некои исто така и признаа дека се нервираат од потрагата, но дека потоа ги читаат туѓите твитови за да го најдат „точниот“ одговор.

Погледнете, дали можете да ја најдете мачката на оваа фотографија?

Ако не сте успеале, ве советуваме да се фокусирате на делот каде што се наоѓа телевизорот.