Тестирајте ја вашата интелигенција со оваа едноставна загатка. И да, навистина е сосема едноставна.
Сигурно се сеќавате на забавните детски игри со чкорчиња и загатките кои постарите ви ги поставувале. Ова е уште една од нив каде од вас се бара со поместување на само едно чкорче да го решите равенството така што ќе добиете точна равенка.
Мала помош: има неколку можни решенија, а не само едно. Гледајте внимателно и обидете се да ги пронајдете сите.
Доколку не можете да пронајдете решение, прочитајте го одоговорот подолу.
Решение на загатката:
Поместувајќи едно чкорче од + и додавајќи го на бројот 6 ќе добиете: 8 – 4 = 4
Поместувајќи го долното чкорче од левата страна на 6 и додавајќи го на 4 после еднаквото ќе добиете: 5 + 4 = 9
Поместувајќи го средното чкорче од 6 за да добиете нула се добива: 0 + 4 = 4
И решението за најдосетливите, поместувајќи го долното чкорче од левата страна на 6 и ставајќи го врз знакот = ќе добиете 5 + 4 ≠ 4