3 љубовни лекции кои многу жени ги учат премногу доцна

Внимавајте и вие да не погрешите. Понекогаш треба да помине многу време за да сфатите што навистина сакате во љубовта и какви однесувања во врската се прифатливи за вас, а на какви треба веднаш да реагирате.

Еве кои лекции жените ги учат многу доцна.

1. Не кажувај “да” ако всушност сакаш да кажеш “не”

Во љубовните врски често пати се прави истата грешка, се преправате. Запомнете дека компромисот не е решение ако поради него се чувствувате несреќни. Не се согласувајте на работи кои ве прават незадоволни, не се преправајте дека сте среќни и не кажувајте “да” за предлозите кои инстинктивно сакате да ги одбиете.

Во секој момент бидете автентични и свои бидејќи само така ќе може да постигнете вистинска љубовна среќа со партнерот кој ќе ја види вашата вистинска личност, а не таа креираната наменета за него. Кога конечно ќе кажете “не” на тоа што ве прави незадоволни, вашите вистински желби и потреби ќе излезат на површина.

2. Вашата љубов неможе да го промени мажот

Додека тој не стане свесен за потребата за промена, не постои љубов која ќе го натера да се промени. Промените може да бидат условени од надворешни фактори.

3. Љубомората и посесивноста не се знаци дека ве сака

Многу жени љубомората и посесивноста ја диживуваат како потврда дека мажот навистина ги сака. Мала доза на љубомора е сосема нормална работа во врската. Меѓутоа кога мажот постојано ве контролира, сака да го знае секој ваш чекор и движење и ви брани комуникација со другите, тоа е знак дека неговата љубомора не е безопасна и здрава.