Храна која делува како анти афродизијак – веднаш ќе изгубите желба за секс

Храна која делува како анти афродизијак – веднаш ќе изгубите желба за секс
Храна која делува како анти афродизијак – веднаш ќе изгубите желба за секс

Советите за секс обично „се занимаваат“ само со пози, издржливост, имагинација, „играчки“ за возрасни… Но, не заборавајте дека исхраната игра важна улога. Просто и едноставно: ако има храна која делува како афродизијак и ја зголемува желбата, има и таква која веднаш ќе ви ја уништи, а не ќе знаете како и зошто. На листата како забранети јадења пред секс се следниве:

Помфрит

Помфритот е богат со транс масти кои негативно влијаат на тестостеронот.Солениот помфрит особено не се препорачува за мажи кои имаат проблеми со висок крвен притисок, бидејќи транс мастите можат да го отежнат одржувањето на ерекцијата.

Енергетски пијалоци

Тие брзо ја креваат енергијата, но ја намалуваат исто толку брзо, што може да резултира со пад на расположението во спалната соба.Покрај тоа, комбинацијата на шеќер и кофеин може да го намали нивото на тестостерон и на тој начин да ја намали желбата за секс.

Советите за секс обично „се занимаваат“ само со пози, издржливост, имагинација, „играчки“ за возрасни… Но, не заборавајте дека исхраната игра важна улога. Просто и едноставно: ако има храна која делува како афродизијак и ја зголемува желбата, има и таква која веднаш ќе ви ја уништи, а не ќе знаете како и зошто. На листата како забранети јадења пред секс се следниве

Тоник

Газираните пијалаци предизвикуваат надуеност и гасови, но најлош избор од сите нив е тоникот.

Содржи кинин, состојка која на тоникот му дава горчлив вкус, а може да го намали нивото на тестостерон, па дури и да влијае на квалитетот на спермата, тврди американскиот лекар и сексуален терапевт Џаклин Ричард.

Подобар избор се незасладените чаеви кои го креваат расположението и ја подобруваат циркулацијата, што ја зголемува можноста за оргазам.

Тофу

Храна богата со фитоестроген, растителна супстанца слична на естроген. Вишокот естроген кај жените и мажите влијае на либидото и ја намалува желбата за секс.

Алкохол

Иако една чаша вино може да стимулира, премногу алкохол ги намалува вашите шанси во спалната соба.

Студиите потврдија дека алкохолот влијае на одржувањето на ерекцијата кај мажите. Покрај тоа, алкохолот ја намалува чувствителноста на допир, што ја намалува можноста за оргазам.

Овесна каша

Во умерени количини, го стимулира производството на хормони на среќата, но во прекумерни количини, има спротивен ефект.

Го намалува сексуалниот нагон и содржи многу влакна што можат да предизвикаат гасови во одредени ситуации.