3 грешки кои ги прават жените кога мажите изневеруваат

Повредена жена која се сомнева на изневерување спремна е на секаков потег.

Детективски акции, испрашување и закани се само дел од лошите одлуки кои никако несмеете да си ги дозволите. Донесуваме три најголеми грешки кои жените ги прават кога партенрот ги изневерува.

Планирате ли да им простите, добро размислете дали сакате таква личност покрај себе

1.Шпионажа

Кога жената ке се посомнева во својот партнер прва реакција е шпионажа и истражување. За испитување на неговите пријатели и родители потребно е да се потроши многу време и енергија кое секако само го потврдува очигледното. Доколку се посомневате во партнерот не ви е потребен никаков физички доказ.

2. Префрлување на вината на неговата љубовница

Иако верувате дека е  бездушна, крадец на мажи вратете се во реалноста затоа што проблемот не е во третата личност. Таа не е личноста која одлучила со вас да го дели животот, да ви биде верна и искрајна. Да не била таа, на нејзино место веројатно би била некоја друга. Постои само еден кривец, а тоа е вашиот партнер.

3. Спремни на се за да го вратите  

Пред се, ако вашиот партнер е спремен за изневерување добро размислете дали е тој вистинската личност која ја сакате покрај себе?

Изневерувањето е начин на однесување кое веројатно нема да престане само затоа што тоа ви го ветил  или пак затоа што вие сте одлучиле да направите промени во вашето однесување. Не обвинувајте се самите себеси ако некој е толку незрел и не е во состојба да ја одржи врската и да се предаде на личноста која ја сака, веројатно не ве заслужува вас.