Дали сте љубоморна на неговата пријателка?

Кога машкото има најдобра другарка, неговата парнерка се почесто се наоѓа во ситуација да не знае како да се постави со другарката.

Вистина е дека машко-женското пријателство е ретко, па жените во врска се сомневаат дека нивниот партнер може да има нешто со неговата пријателка (другарка).

Најважно е да знаете кога би требале да реагирате, а кога да се опуштите и да оставите вашиот партнер да се дружи со својата пријателка.

Пред се дали машкото ќе има најдобар другар или најдобра другарка зависи од неговото минато. Најчесто се случува оние машки кои што немале татко полесно да се спријателуваат со жените, но и оние машки кои што се израснати во женско друштво се почесто најдобри пријатели (другари) им се жените, бидејќи во нив гледаат поголема доверба.

Доколку на почетокот од вашата врска вие ја запознаете неговата пријателка (другарка) и таа ви е одбивна и приметувате дека многу ве распрашува, тогаш верувајте дека тука нема ништо повеќе од пријателство. Затоа што таа мора да ве распраша се за да знае во какви раце го предава нејзиниот другар, сепак таа не сака на крајот нејзиниот другар да биде повреден.

Но доколку приметите дека тој повеќе време поминува со неговата другарка отколку со вас и во моментите кога сакате да бидете сами, неговата другарка ви се упикува, тогаш најдобро е веднаш да поразговарате со вашиот партнер, бидејќи таа другарка планира нешто повеќе од обично другарство.