Колку често среќните парови водат љубов?

Ако мислите дека паровите кои не ги тргаат рацете едни од други се посреќни од вас и вашиот партнер, големи се шансите да не сте во прави. Истражувањето покажало колку често треба да водите љубов за да имате најздрава врска или брак.

Во истражувањето учествувале повеќе од 30.000 луѓе и тоа детално се спроведувало во текот на 40 години. Неговите резултати се објавени во магазинот “Social Psychological and Personality Science”.

Темата на истражувањето била интимноста меѓу партнерите, односно колку сексуалниот однос е поврзан со нивната среќа, задоволство и врската воопшто. Резултатите кои ги добиле сигурно развеселиле многу парови.

Всушност истражувањто потврдило дека паровите кои водат љубов еднаш неделно се многу посреќни и позадоволни од тие кои водат љубов многу почесто или од оние кои имаат сексуални односи два пати месечно и поретко.

Задоволството во врската е споредено со богатството, односно со приливот на пари во семејството. Произлегло дека поголемата количина на пари во куќата предизвикува подобро расположение и среќа, но сепак носи помало задоволство од редовниот секс.