Начинот на кој спиете со партнерот ги покажува тајните помеѓу вас

Неодамнешните психолошки истражувања кои се претставени на меѓународниот фестивал за наука во Единбург откриле интересни факти.

Секоја промена во љубовната врска моментално влијае на положбата на спиење на партнерите. Најважната работа тука не е положбата на галење пред спиење и во која ќе заспијат, туку е положбата во која спијат целата ноќ и кога ќе се разбидат наутро.

Неколку светски психолози од престижни универзитети направиле водич со најчестите положби во кои спијат партнерите, а секоја од нив ја крие вистината за врската.

ПОЛОЖБА “КАКО НА МЕДЕН МЕСЕЦ”

brightside.me

Оваа положба е карактеристична за паровите на почетокот на врската или за оние кои биле раздвоени некој период. Исто така е популарна меѓу брачните парови кај кои семејниот живот и понатаму е страствен и полн со љубов и нежност.

ПОЛОЖБА “ГЛЕДАЊЕ ВО ЅВЕЗДИ”

brightside.me
brightside.me

Двајцата спијат на грб. Обично едниот лежи на грб, а другиот на неговото рамо и обично тоа е помалку доминантниот партнер. Овој пар има одлична хемија, но понекогаш еден од нив се чувствува приморан да ги прифати ставовите на другиот партнер.

ПОЛОЖБА “ЗАЉУБЕНА ПРЕГРАТКА”

brightside.me

Оваа положба е слична на претходната, но многу поинтимна. Вообичаена е во љубовните врски во кои партнерите не се плашат постојано да ги покажуваат своите чувства: тие се многу нежни и се грижат еден за друг. Оваа поза обично значи дека мажот е до доминантен и сака да “шефува”.

ПОЛОЖБА “ДИЈАЛОГ”

brightside.me

Оваа положба е вообичаена мешу партнерите кои се цврсто поврзани, но потребно им е повеќе да разговараат и да поминат повеќе време заедно.

ПОЛОЖБА “СЛОБОДА”

brightside.me

Оваа положба може да значи дека партнерите заминале да спијат веднаш после некоја голема расправија. Меѓутоа постои и друго објаснување: и двајцата се независни и себични индивидуи на кои им е потребен личен простор.

ПОЛОЖБА “ТЕ ЧУВАМ”

brightside.me

Овие парови обично се многу среќни и искрено уживаат во своите врски. Оваа положба покажува на обострано почитување на личниот простор, додека допирањето на грбот е уште еден доказ дека им е важно да ја почуствуваат близината на партнерот.

ПОЛОЖБА “КРАЛ НА КРЕВЕТОТ”

brightside.me

Партнерите кои имаат обичај да спијат широко на креветот се обично оние кои сакаат да се истакнуваат наместо да покажат чувства кон партнерот. Нивното однесување во врската најчесто е себично, а тоа се одразува и на положбата во која спијат.

ПОЛОЖБА “ЛАЖИЦА”

brightside.me

Оваа положба покажува на страствена и хармонична врска во исто време. Многу е популарна во првите години од бракот. Партнерот кој е позади обично има доминантна улога во врската, додека другит ужива во чувството на заштитеност.

ПОЛОЖБА “ОПУШТЕНА ЛАЖИЦА”

brightside.me

Некои парови ја бираат оваа опуштена положба на спиење бидејќи и едната и другата страна имаат доволно слобода и простор. Сепак ова е една од најкомплицираните положби и може да се протолкува на два начина:

1. Оваа положба открива врска без страст, која му недостасува барем на еден од партнерите. Тој или таа не чувствуваат потреба за физички контакт или длабоко се незадоволни од својот партнер.

2. Во друг случат, партнерот кој се врти на грб бара внимание и посветеност од другата страна.

ПОЛОЖБА “ПРЕГРАТКА СО НОГА”

brightside.me

Некои партнери несакаат да спијат во близок контакт едни со други, но во текот на ноќта спонтано се допираат со стапалата. Воглавно овие партнери уживаат во семејната хармонија и взаемната доврба. Тие си даваат доволно слобода додека сеуште ја чуваат поврзаноста додека спијат.