Причини поради кои жените опростуваат неверство

Не сите жени би го напуштиле својот сопруг поради превара, некои од нив ќе поминат преку тоа и ќе го продолжат животот како ништо да не се ни случило. Откријте ги причините поради кои жените се одлучуваат на ваков потег.

НЕ ПОДНЕСУВААТ НЕУСПЕХ

Многу жени, стапувањето во брак го сметаат за успех.  Понекогаш им е тешко да се откажат и признаат дека нешто не функционира во нивната врска за која толку многу се труделе. Наместо тоа, и понатаму ќе продолжат да направат се’ што можат само да го сочуваат бракот. Врската на вакви жени е како потонатиот Титаник, би свиреле виолина се до последниот момент.

СТРАВ ОД НЕПОЗНАТ

Со својот партнер веќе многу години, изградиле заеднички живот и таа се фокусирала на заедничкиот живот. Размислувањето да го нашушти сето тоа, во неа буди страв од непознат. За соочувањето со потполно друг начин на живот е потребно многу храброст и поради тоа некои жени попрво би преминале преку измамата и би останале во “удобната“ и позната зона.

НЕДОСТАТОК НА САМОДОВЕРБА

Жените кои немаат самодовердба секогаш бараат оправдување за изневерувањето на нивниот сопруг. Не се почитуваат доволно самите себеси и мислат дека не се доволно добри и дека не заслужуваат подобро.

ТОЈ НЕЈЗЕ И ПРИПАЃА

Иако ја повредил, таа не може да го замисли животот без него, а уште помалку може да замисли дека го има некоја друга жена. Некои жени се во состојба да прифатат да го делат својот сопруг со друга жена, само за да останат со него, а тоа би значело зачувување на својата територија.

ТОЈ Е ТАТКО НА НЕЈЗИНОТО ДЕТЕ

Иако звучи наивно, останувањето со мажот прељубник поради децата, на некои жени им е повеќе од доволна причина за да им опростат. Како мајка, таа не смее да размислува себично. Мора да мисли на своите деца, а идејата за распаѓање на нејзиното семејство и’ е незамислива.

ЗАЕДНО ПОМИНАЛЕ НИЗ МНОГУ РАБОТИ

Делењето на заеднички искуства е моќна работа, особено за сентименталните жени. Доколку позади нив се многу спомени, на некои жени им е едноставно многу тешко да го заборават сето тоа.

ФИНАНСИСКИ ЗАВИСИ ОД ПАРТНЕРОТ

Емоциите настрана, сиромаштијата може да ја натера жената да остане со партнерот кој ја изневерува. Како да започне нов живот кога во потполност финансиски зависи од него веќе подолго време? За некои жени, тоа е доволна причина да останат во брак, па дури и ако повеќе не го ни сакаат.

ЛУДО Е ВЉУБЕНА ВО НЕГО И ГО САКА

Една од најчестите причини зошто жените опростуваат превара, е љубовта.  И покрај болката што тој и ја предизвикал, она и понатаму го сака, заљубена е во него и не знае што друго освен да му опрости.

Епа девојки, ова ви се најголемите грешки!