Животот без секс има сериозни последици по здравјето: Жените кои немаат секс, стануваат…

Животот без секс има сериозни последици по здравјето: Жените кои немаат секс, стануваат…
Животот без секс има сериозни последици по здравјето: Жените кои немаат секс, стануваат…

Нередовниот сексуален живот и апстиненцијата можат да бидат штетни по здравјето за припадничките на понежниот пол.

Некогаш одамна, се верувало дека жените кои немаат активен сексуален живот патат од хистерија. Оваа теорија подоцна е отфрлено, но многу се зборувало за тоа како редовниот сексуален живот допринесува кон доброто физичко и ментално здравје на жените.

Хистеријата е вид невроза кај која доминантни се разновидни телесни, сеонзорни, моторички и ментални пореметувања со психогено потекло, како што се напад на смеа и плач, екстремна чувствителност, анксиозност, забрзана работа на срцето, мачнина, болки во различни делови на телото.

Ова пореметување за прв пат е забележано кај младите жени во античка Грција. Долго се верувало дека од хистерија патат само жените, иако тогаш болеста се јавила кај двата пола. За лечење на хистерија, многу лекари користеле масажа на карлицата и гениталиите. Целта било да болниот пациент се доведе до “хистеричен пароксизам” или оргазам кој го успорува дишењето и предизвикува влажнење на вагината и стомачни контракции.

Оваа пракса била користена во Викторијанско време, а на почетокот на 19. век се раширила на делови во Европа и САД.

Покрај третманите за масажа, хистеријата се лечела со вибратор, кој се појавил кон крајот на 19. век. Американскиот писател Рејчел Меинер во својата книга “Технологија на оргазмот”опишува како “електромеханички медицински инструмент” им помага на хистеричните жени. Исто така, тврди дека овој метод е поефикасен од масажите. Модерниот поглед на овој проблем вели дека хистеријата може да се разликува по карактер и хистерични напади.

Но, дали жените кои се воздржуваат од секс имаат поголеми шанси да патат од овие болести и пореметувања, од оние кои имаат редовен сексуален живот?

Имено, апститенцијата или неправилниот сексуален живот може да биде свесно или несвесно избран, присилен или доброволен и да зависи од здравјето на телото, психата и душата на жената.

Нередовниот сексуален живот и апстиненцијата која е доброволно избрана или се наметнува од разни социјални и морални принципи е штетна. Таквата апстиненција му штети на физичкото и менталното здравје, а тогаш трпи и телото. Но, во модерно време не постојат статистички податоци кои покжуваат дека апстиненцијата може да биде поврзана со развој на психичко пореметување.