Предупредување: Оваа жена речиси си го уништила животот од нешто што многу жени го прават дома

Предупредување: Оваа жена речиси си го уништила животот од нешто што многу жени го прават дома
Предупредување: Оваа жена речиси си го уништила животот од нешто што многу жени го прават дома

Оваа сторија треба да биде предупредување за многу домакинки кои сами решаваат да си ја фарбаат косата во домашни услови. Овој пример е доказ дека и најмалку штетните работи можат да создадат многу големи проблеми.

Иако процесот на фарбање на косата изгледа безбеден и лесен, всушност претставува доста сериозен процес кој може да има многу штетни последици по здравјето.

Една жена која се фарбала дома, без да направи тест дали е алергична на фарбата која ја употребила, за момент и се затвориле очите, кожата започнала да отекува и во еден момент започнала многу тешко да дише.

Благодарени на брзата интервенција од брзата помош, жената била спасена и добила нова шанса за живот. Докторите откриваат дека жената всушност била алергична на парафенилен диамин – основната состојка на поголемиот број производи за фарбање на коса.

Сите знаеме дека поголемиот број жени си ја фарбаат косата. Денес, тоа е нормална козметичка процедура. Но тоа што советуваат лекарите не се зборува често. Именно, пред да употребите било каква боја за коса, се препорачува да се направи тест дали сте алергични на неа или не.

Тестот е лесен. Се што треба да направите е да ставите мал дел од смесата за фарбање на кожата зад вашето уво, и да следите дали ќе има некаква негативна реакција во следните 48 часа.