Цел живот усисавате погрешно!

Усисавање со кратки и брзи потези напред-назад е начинот на кој што усисаваат поголемиот дел од луѓето, но тоа е погрешно бидејќи не ги чисти теписите и подовите како што треба.

Постои подобар начин на усисавање со кој што многу помалку нечистотија ќе остане во теписите или пак на подот. Професионалците усисаваат во редови. Прво поминуваат со правосмукалката на едниот ѕид па идат еден ред подоле и така усисаваат до другиот ѕид но со правосмукалката само напред.

Откако ќе се помине целата просторија, се почнува од третиот до четвртиот ѕид. На пример ако првиот пат усисававте од исток кон запад, вториот пат усисавајте од југ кон север или обратно. Оваа метода е одлична за темелно усисавање. Исто така додека усисавате не треба да брзате, ако брзате правосмукалката ќе ја собере само површинската прашина, а вистинската нечистотија и влакната ќе останат во тепихот – открива порталот Cnet.