„Косата ми стана двојно погуста откако започнав да ја користам оваа чудесна домашна маска“

Секоја жена посакува и мечтае за густа и здрава коса. Но, разни фактори, како постојаната употреба на уредите за коса или хемиските производи, ја прават косата тенка и кршлива.

Токму за оваа цел, денес ви откриваме едно неверојатно моќно и ефикасно решение, благодарение на кое вашата коса ќе се обнови, значително зајакне и ќе стане супер густа.

Потребни состојки

1 жолчка
1 кафена лажица течен мед
Половина супена лажица сенф во прав
1 супена лажица масло од чичок
Количеството на состојките може да варира во зависност од должината на вашата коса.

Начин на подготовка и употреба

Изматете ја жолчката, додадете ги медот и сенфот и добро измешајте, а потоа додадете го и маслото од чичок и повторно добро измешајте. Ако смесата е многу густа, може да додадете малку вода.

Нанесете ја маската по целата должина на вашата сува коса и оставете ја да отстои 15 минути, а потоа исплакнете со топла вода.

Зошто оваа маска е ефикасна?

Сенфот го стимулира протокот на крв и метаболизамот, го подобрува потхранувањето на фоликулите, што придонесува до активен раст на косата и го елиминира првутот.

Медот ја прави коса погуста, ја зацврстува и потхранува, го смирува скалпот, обновува по бојадисување и го враќа сјајот на косата.

Жолчката ја заздравува и обновува косата, ја зголемува нејзината еластичност, го спречува косопадот, го стимулира растот и благопријатно влијае врз скалот.

Маслото од чичок ја зацврстува и зајакнува косата, ја зголемува нејзината ефикасност, го спречува косопадот, го активира растот и благопријатно влијае врз скалпот.