Ослободете се од токсините и маснотиите од телото: Домашен лек за чистеше намаснотиите во црниот дроб

Дали знаевте дека црниот дроб, исто како и срцето, е еден од најпрометните органи што извршува повеќе од 500 функции во вашето тело?

Вашиот црн дроб ја чисти крвта од токсини, се бори против инфекции, создава жолчка, ги разградува мастите и метаболичкиот отпад.

Покрај тоа, црниот дроб е орган преку кој циркулира огромна количина на крв секоја минута, што се филтрира во него.

Бидејќи ги филтрира и распаѓа хормоните, добрата функција на црниот дроб е исто така многу важна за рамнотежата на хормоните во телото.

Знаци на преоптоварување на црниот дроб со токсини се:

1. Болка или непријатност во десниот горен дел на стомакот, под ребрата

2. Претерано потење и затоплување на телото

3. Горушица и надуеност

4. Необјаснето зголемување на телесната тежина или многу бавно слабеење

5. Проблеми со варењето на масната храна

6. Акни, чешање на кожата

7. Вишок на масно ткиво околу стомакот

8. Висок крвен притисок

9. Промени во расположението и замор

10. Жолтеникави израстоци околу очите

Чистењето на црниот дроб има многу придобивки за вашето здравје, а некои од нив се:

1. Стимулира детоксикација на целиот организам

2. Го снабдува телото со енергија

3. Помага при слабеење

4. Го намалува ризикот од камен

5. Ја чисти и ја храни кожата

Пијалок од брусница за детоксикација на црниот дроб

Истурете 1 чаша незасладен сок од брусница и 7 чаши вода во тенџерето. Ставете го на оган, оставете го нежно да зоврие и тргнете го од оган. Во топка за филтрирање чај ставете половина лажичка ѓумбир, половина лажичка морско оревче и 1 лажичка цејлонски цимет. Ставете ја топката во пијалок од брусница околу 15 минути, а потоа извадете ја. Додадете три четвртини чаша сок од портокал и една четвртина чаша сок од лимон, промешајте, па ставете го во фрижидер.

Наутро по будењето, испијте една чаша од овој напиток од брусница. По еден час, испијте чаша вода, а потоа за еден час повторно чаша пијалок брусница и продолжете така наизменично додека не го консумирате сочуваниот пијалок.