Медицинска сестра задушила три деца! Малите молеле да престане, оставила МОРНИЧАВА порака за сопругот !

Медицинска сестра Дидеро Морли, мајка на Конор, Дар и Карла, прво се обиде да ги дрогира, а потоа да ги убие три деца еден ден пред да ги задави.

Морли ги задуши Конор (9), Дар (7) и Карла (3) во детски шатор со леплива лента и вреќи за ѓубре. Нивните тела ги пронашол нивниот татко, Ендру Мекгинли, откако се вратил од службено патување.

На судењето, таа се изјасни дека не е виновна под изговор на ментално нарушување. На полицијата ѝ рекла дека чувствува „неисцрпна тага“ и дека не ги сакала доволно своите деца. Според полицијата, таа тврдела дека сакала да ги спаси децата од „болка и страдање“, и дека потоа имала намера да си пресуди сама по нивното убиство.

На 23 јануари минатата година, Морли наводно ставила морфиум во појадокот на момчињата и девојче во нивната куќа во Даблин. На судењето беше речено дека таа се откажала од тој план откако децата ја плукнале храната.

Кобниот ден, таа најпрво го задушила Дар со најлонска кеса, а потоа истото го испроба и со перница.

Кога го сторила тоа, ги зела горе и ги легнала на креветите. Кога сфатила дека Карла сè уште дише, ѝ ги блокирала устата и носот додека девојчето не се задушило.

Во тоа време, најстариот син Конор сè уште бил на училиште. Отишла да го земе ѝ им кажала на вработените во училиштето дека мора да замине од „семејни причини“. Му вклучила детскиот филм на момчето и му дозволила да гледа телевизија. Таа потоа му предложила да играат малку по што земала црна вреќа за ѓубре и го задавила момчето.

Подоцна и призна на полицијата дека Конор плачливо и рекла „застани мамо, што правиш“ додека му ја ставала ќесата над главата.

Потоа Морли испила лекови, зела шише вино, влегла во автомобилот и се забила со сета сила на кружниот тек. Останала жива, некако се довлечкала до бензинската пумпа, каде што некое време талкала,повикувајќи ги службите за итни случаи. Таксистот кој во тоа време бил таму веднаш забележал дека нешто не е во ред и повикал помош.

Во тоа време, нејзиниот сопруг Ендру се вратил од службено патување и пред домот нашол брза помош и полиција. Пред скалите во куќата стоеше белешка на која пишувало „Не се качувај горе, жал ми е“.

Имало и друга белешка покрај телото на Конор која велеле: „Не гледам иднина со сите нарушувања и ментални болести што ме мачат. Морав да ги земам децата со мене“.
Таа ѝ рече на полицијата дека се сеќава како го гледала нејзиниот часовник, било околу пладне и помислила „Сега можам да го направам сето ова. Мислам дека тогаш нешто ми кликна во главата. Сега можев да ги задушам, сега можев да ги убијам”.

На судењето беше речено дека Морли имала проблеми со ментални болести уште во јули 2019 година и дека потоа е примена во ментална установа во Даблин. Откако се подобрило нејзиното ментално здравје, таа беше отпуштена.

Судењето за ова грозоморно злосторство што го стори сè уште трае.