СТРАШНО! Невестата починала на денот на свадбата, па младоженецот се оженил со нејзината сестра додека безживотното тело се наоѓало во соседната соба

Невестата во Индија почина на денот на нејзината венчавка, па наместо неа нејзиниот младоженец решил да ја ожени нејзината помала сестра. Телото на несреќната жена по име Сурби лежело во просторијата покрај нив, додека парот разменувал завети во Етавах, во државата Утар Прадеш.

Според британските таблоиди, Сарби доживеала срцев удар додека разменувала цветни венци со нејзиниот иден сопруг Мањеш Кумар, што е дел од хиндуистичката свадбена церемонија. Повикан бил лекар од блиското село да ѝ помогне, но не можел да стори ништо.

Братот на Сурба за агенцијата IANS изјави дека и двете семејства се седнале да се договорат што да прават и дека тогаш некој предложил нивната помала сестра Ниш да се омажи за младоженецот.

Семејствата го разгледаа предлогот и се согласија, рече тој.

Несреќната Сурба била погребана по венчавката.