Во едната рака прстен, во другата пиштол: Дошол да ја запроси девојката, а ваков одговор не очекувал

20-годишната Мајра Зулфикар од Пакистан, е убиена во базенот во својата куќа во градот Лахор во која се вратила по завршување на струдирањето.

Мајра студирала во Велика Британија и во Лахор пристигнала за венчавката на својата пријателка. Направила голема грешка кога решила да остане во градот во кој се родила, пренесува Sky news.

Таа се запознала со две момчиња од иститот град и тие се заљубиле во неа. Едниот од нив се обидувал да ја убеди да стапат во брак, но таа го одбивала.

Последниот пат кога го видела, пред фаталната ноќ кога го загубила својот живот, тој дошол кај неа во едната рака држејќи прстен, а во другата пиштол.

Не и го покажал оружјето, а кога му кажала “не” тој го извадил пиштолот и и кажал дека ќе ја убие поради одбивањето.

Неофицијално, неколку дена подоцна тој изнајмил платен убиец за да ја убие.

Безживотното тело на Мајра го пронашол нејзиниот татко кој ја известил полицијата.

“Полицијата ги пронашла двајцата мажи кои се осомничени за убиството на Мајра. Покрај неа е пронајден и нејзиниот телефон кој помогнал при истрагата” изјавиле од полицијата во Лахор.