Мајката им ги забрани на децата сите типови на екрани: Фотографија која ги покажува позитивните ефекти од овој потег

Мајката им ги забрани на децата сите типови на екрани: Фотографија која ги покажува позитивните ефекти од овој потег

„Моите деца обожаваат екрани. Но, екраните не им ја возвратија нивната љубов. Тие ги претворија во деконцентрирани кавгаџии. Затоа, јас и сопругот решивме да ги елиминираме целосно од куќата.“

Пред седум месеци, мајка на пет деца, писателката и блогерка Моли Дефранк, реши да ги извлече своите деца од вилиците на екраните од сите видови – паметни телефони, телевизори и компјутери. Таа неодамна објави фотографија на која се сумираат резултатите од овој потег – пет мали читатели заглавени во кревет со книги во рацете.

„Лесно е на детето да му тутнете iPad во рацете кога сакате неколку минути за себе. Денешните родители се првата генерација која се соочува со овој долгорочен неконтролиран експеримент што се спроведува врз нашите деца. Тешко им е да се борат против нешто што е толку присутно и лесно достапно. Сепак, во одреден момент треба да се запрашате дали треба да биде така? На крајот заклучивме дека работите мора да се променат “.

Дефранк вели дека придобивките од оваа одлука се многукратни. „Почнав подобро да ги забележувам талентите и интересите на моите деца, бидејќи тие конечно се во можност да им посветат време на нив. Ќерка ми започна да чита многу побрзо, а сега пишува приказни. Синот црта, па дури и организира семејни вечери за цртање каде што е учител. Добро е на децата да им биде здодевно, со цел да преземат иницијатива и да ја разбудат нивната креативност “.

Покрај тоа, детоксикацијата од екрани воопшто не е толку тешка, вели Дефранк: „Најголемиот предизвик е да им понудите на децата нешто што ќе работат наместо да гледаат на екранот. На децата им е потребна што поголема интеракција со други луѓе, со цел да развијат социјални и моторни вештини. Тие мора да научат да препознаваат и толкуваат различни изрази на лицето, говорот на телото, тонот на говорот и другите комуникациски вештини “.

Мајката раскажува дека кога одлучиле да го отстранат сите екрани од дома, децата прво протестирале, а потоа животот продолжил да тече нормално.
„Детоксикацијата беше изненадувачки лесна и изводлива, а мојата деветгодишна ќерка неколку пати ми рече дека е среќна што ги исфрливме екраните.“

Извор: zenskimagazin.mk