ПРИРОДЕН ФЕНОМЕН: Езеро од кое водата едноставно исчезнува!

ПРИРОДЕН ФЕНОМЕН: Езеро од кое водата едноставно исчезнува!

Изгубеното езеро во Орегон, сојузна држава во западниот дел на САД, изгледа како секое друго езеро во светот во поголемиот дел од годината. Сепак, со почетокот на зимата, мистериозна дупка цица вода од него, предизвикувајќи да се исуши.

Она што со години ги збунуваше научниците, може да има целосно логично објаснување. Според Џуд Меки, портпарол на Националната шума Виламет, дупката постои уште од античко време, а вулканската почва се чини дека е главниот виновник за сушењето на ова езеро, формирано пред околу 3.000 години.

Се претпоставува дека има тунели под езерото низ кое минувала лавата, и како што се ладела, така просторот низ кој минувала станувал се посилен и формирал џиновски цевки низ кои денес поминува вода, но каде оди таа, е мистерија на која сѐ уште никој не дал одговор.

Извор: popara.mk