Синот ја погребал својата жива мајка! Убиството го испланирал до самиот крај, а потоа направил кобна грешка

Синот ја погребал својата жива мајка! Убиството го испланирал до самиот крај, а потоа направил кобна грешка
Синот ја погребал својата жива мајка! Убиството го испланирал до самиот крај, а потоа направил кобна грешка

Маж по име Ванг (58) од кинеското село во близина на градот Хебеј, за малку успеал жива да ја погреба својата 78 годишна мајка Мав.

Ванг живеел со сопругата и мајката, но без деца. Никогаш не бил при пари, а неговата мајка со текот на време се разболела и започнала да халуцинира.

Неговите нерви во целост попуштиле во последните години и тој започнал да размислува како се би било полесно доколку неговата мајка била мртва. Тогаш дошол до идеја да ја убие.

Убиството го испланирал до најситните детали, времето начинот и локацијата каде ќе го закопа телото, единствено што не можел е да ја убие со голи раце. Затоа неговата мајка се обидел да ја погреба жива.

Една вечер ја однел во прошетка, а потоа ја ставил во автомобилот и заминал до оближната шума. Таму ја турнал во дупка која ја ископал претходната вечер. Потоа ја погребал неговата мајка, се свртел и си заминал.

Ова сурово убиство никој не би го открил доколку не направел кобна грешка – и верувал на сопругата дека ќе му биде соучесник во сето ова.

И раскажал истата вечер што направил, меѓутоа таа не сакала да живее во лага и покрај маж кој би ја убил својата родена мајка.

Затоа наредното утро заминала во полиција и го пријавила. Потоа сите заминале до местото на злосторството, а во дупката ја пронашле неговата мајка која и понатаму дишела. Таа била спасена и одведена во болница, од каде што велат дека останува вистинска мистерија како преживеала.

Ванг сега е во затвор и го чека почетокот на судењето.