Ги растажи фановите: Шeхеpезад дoнесе многу важна одлука за нејзината кариера

Турската актерка Бергузар Корел, вели дека планира да направи пауза од глумењето и дека планира во иднина да му се посвети на семејството.

Во март годинава, таа и нејзиниот сопруг и колега Халит Ергенџ, го добија второто дете, синот Хан. Покрај Хан, тие го имаат и десетгодишниот Алиј. Бергузар, која е позната по нејзината улога како Шехерезад, вели дека планира во целост да му се посвети на мајчинството.

Овие актери се родители на десетгодишниот Али, па нема сомнеж дека во нивните ‘четири sида’ е весело.

Воспитувањето на бебе и син кои наскоро влегуваат во тинејџерски години, а Бергузар е целосно посветен на мајчинството.

Но, дали тоа ќе биде причина, познатата Шехерезад да се повлече од својата кариера?

Како што пишуваат турските медиуими, наводно актерката одлучила својата кариера да ја стави на страна и своето внимание да го насочи кон синовите и сопругот.

За тамошните медиуми, таа изјави дека нема да може повеќе да работи со ист интезитет и дека предност ќе даде на своето семејство.

„Не сум подготвена за големи жртви како порано. Сакам да поминувам што е можно повеќе време со моето семејство и да бидам таму додека нашите деца растат “, изјави актерката, која, според турските медиуми, повеќе нема да ја гледаме во телевизиски серии.

Сепак, таа смета дека работата на серии на дигитални платформи е различна, па затоа, наводно, е подготвена да прифати улога во една од таквите серии.

Инаку, Шехерезад неодамна објави дека почнува боpба со килограми, откако наиде на бројни критики на линијата по нејзината втора бременост. ‘

Актерката во една прилика за медиумите изјави дека планира во целост да му се посвети на мајчинството. Поради тоа што актерската работа е исклучително преизвикувачка и бара многу одрекувања, патувања и непреспиени часови, глумицата одлучила кариерата да ја остави на страна и вниманието да го насочи кон синовите и сопругот.

За турските медиуми вели дека не може да работи со ист интезитет и ритам како претходно и дека предноста сега ќе и ја даде на нејзиното семејство.