Maјката на Илон Маск на 73 години владее со светската модна сцена (ФОТО)

Maјката на Илон Маск на 73 години владее со светската модна сцена (ФОТО)

Ретко кој не го знае ексцентричниот милијардер и иноватор Илон Маск, но малкумина знаат дека неговата мајка исто така е една од најуспешните во својата фела. Меј Маск го поминала својот живот како манекенка и модел, но вели дека никогаш немала толку многу работа како денес, на 73 годишна возраст.

Своите први манекенски чекори Маск ги прави за време на престојот во Јоханесбург, а во 1969 година дури и учествува на натпреварот за Мис на Јужна Африка.

Подоцна, живеејќи во Канада и во САД, покрај нејзината манекенска кариера се стекнува и титулата магистер по диетика и нутриционист.

Таа е и автор на бестселер со мотивациона содржина, а книгата е објавена во 70 земји низ светот.