Шеф Марк од „Брза кујна“ го кажа судбоносното „ДА“: Со зурли и тапани и бакшиш на чело се веселеа на Камник

Шеф Марк од „Брза кујна“ го кажа судбоносното „ДА“: Со зурли и тапани и бакшиш на чело се веселеа на Камник

Познатиот готвач шеф Марк од кулинарското шоу „Брза Кујна“ викендов заплови во брачните води кажувајќи го судбоносното „ДА“.

Она што е посебно интересно е дека за шеф Марк сите „знаеја“ дека е во брак“ со неговата македонска избраничка Василка Димовска, но работите стоеле малку поинаку.

Имено, иако има возрасни деца – син и ќерка кои живеат во Белгија, популарниот готвач и неговата понежна половина всушност само живееле заедно во вонбрачна заедница. Токму затоа, шеф Марк и неговата Василка, викендов, 20 јуни 20221 година, решија и официјално да стапат во брак… Да ја озаконат својата врска, која всушност беше еден вид брак, кој само не беше официјализиран на хартија.

Шеф Марк и Василка се решија за „скромна“ семејна свадбена веселба со најблиските роднини и пријатели, која ја одржаа на едно од најелитните скопски гастромномско-вински локалитети, Камник.

Младоженците пред матичарот се заколнаа на вечна љубов, па првите секунди од ветувањето и официјалниот брак, како што е редот, ги зачинија со сочен свадбен бакнеж. Зурли и тапани им свиреа на младите, а се делеа и илјадарки и евра бакшиш.