Шенон Доерти: „Поминав многу. Да, рак, но повеќе од тоа… Готово е со убавината што ја промовира Холивуд” (фото)

Шенон Доерти, ѕвездата на сериите „Беверли Хилс“, „9021“ и „Шармиран“, објави фотографија без шминка и филтри, повикувајќи се на токсичните стандарди за убавина.

„Гледајќи ги филмовите вечерва, забележав дека има малку женски ликови со кои би можела да се поврзам. Знаете, жени без филери, без ботокс, без дотерување. Жените кои го прифатиле своето лице и искуството што го покажува”

„Поминав многу.Да, рак, но и многу повеќе од тоа. Сега се прифаќам. Конечно. Готово е со перцепцијата за убавина која ја пропагираат Холивуд и списанијата и се обидуваат да нè навлечат на неа. Сакам да ги гледам жените како мене. Жените како нас“, напиша Доерти во пост на Инстаграм, нагласувајќи дека нејзиното лице го отсликува она што го доживеала.

На познатата глумица пред шест години ѝ беше дијагностициран рак на дојките, а пред две години објави во јавноста дека е во ремисија, но во фебруари во 2020 година сподели дека ракот се вратил и е во четврта фаза.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ShannenDoherty (@theshando)