Исповед на 32 годишна Ковид-пациентка: Ми кажаа дека имам само една минута да им се јавам на најблиските

Исповед на 32 годишна Ковид-пациентка: Ми кажаа дека имам само една минута да им се јавам на најблиските

Ана Болобицо е млада фотографка која живее во Пула и која неодамна ја сподели својата приказна врзана со битката со коронавирусот. Таа и ги откри симтомите кои биле индикатор дека ќе заврши на респиратор. Впрочем, Ана на своите социјални профили ги сподели тешките моменти кога мислела дека ќе ја изгуби битката но и оние моменти за кои она вели дека ја вратиле во живот.

Своето искуство 32 годишната Ана го споделила јавно се со цел да разбуди надеж, но и свест кај младите луѓе кои не го сфаќаат вирусот сериозно.

-Постојано читам за огромниот број на млади лица кои се заболуваат од коронавирус и ми се чини дека ова состојба во која се наоѓаме нема никогаш да заврши. Читам и за тоа како мислењата на младите лица за коронавирусот се поделени – некои го поминуваат на нога, а некои имаат тешки симптоми. Она кое е зачудувачки со вирусот е што почнува со силни симптоми – висока температура, замор, болки во мускули, главоболки…И кога мислиш дека е готово, дека најлошото помина и дека оди на подобро тогаш се случува пресвртот и сфаќаш дека во тебе живее монструм грип. Па тогаш те префрлаат во болница, ниту знаеш која е твоја соба, кој е твој кревет. А впрочем не е ни важно – единствено што во тој момент можеш да чуеш се зборовите на докторите дека состојбата брзо се влошила и дека мора да се бориш. И така, без никој близок, сам, оставен си на тим доктори кои се менуваат, ротираат, кои со последни сили се борат да ги спасат сите пациенти. А млада сум. Здрава сум. Ама кога е во прашање коронавирусот, немоќна сум, вели таа.

Ана и додава дека една ноќ и дошле на посета тим на доктори кои и кажале да се соблече и да се подготви бидејќи ќе ја однесат во респираторниот центар. И кажале дека има неколку минути да се јави на најблиските и да го остави мобилниот телефон.

-Една минута во која треба да им свртиш на тие што ги сакаш. Една минута во која треба да изберете кој број да го свртите. Таа минута по која знаете дека ве чека најлошото нешто во светот. Се јавувате и велите “Те сакам” а од другата страна слушате солзи. Што друго да кажам? Оставаш се зад себе и одиш во нешто непознато. Се те боли, секој здив ти е тежок, срцето ти чука милион пати во секунда – осеќаш страв како никогаш досега што не си го осетил. Проклета да е оваа болест. Проклето да е се што те тера да лежиш беспомошен со илјадници прашања во главата. Дали ќе го видам прекрасното зајдисонце утре? Проклети нека се секундите кои траат како години. Проклета да е неизвесноста која докажува дека само здравјето е важно во животот, пишува Ана.

Кислородот се уште е мојот најдобар пријател

-А тогаш кога мислиш дека не можеш повеќем кога е најлесно да се откажеш, кога болката е неподнослива…тогаш доаѓа медицинската сестра те поздравува и ти вика “Не успеав да ти кажам прееска меѓутоа мајка ти постојано се јавува и ми кажа да ти пренесам дека те сака”. Ох, боже мој! И така поминаа уште долги девет денови. Полесно дишам, но се друго е исто. Кислородот ми е се уште најдобриот пријател и не се делам од него. Се уште зависам од тој тим доктори околу мене, зависам и за чаша вода бидејќи сама не можам ништо да направам, додава Ана.

На крајот таа им се заблагодари на сите кои биле со неа во тие тешки моменти.

-Бескрајна благодарност до сите оние кои беа со мене, кои ми пишуваа и се обидуваа да ме добијат. Сите ваши пораки ми значат премногу. Благодарност до моите најблиски кои со мислите беа постојано со мене и кои неуморно им звонеа на сите вработени во Ковид одделот за да дојдат до информација за мојата состојба. Благодарам на сите повици кои завршуваа со зборовите Те сакам и што ме оддржувавте во живот кога бев сама. И знам дека ова ќе ви звучи клише но морам да ви кажам – Чувајте се луѓе! А јас продолжувам понатаму. Здив по здив, минута по минута..со надеж дека ќе бидам подобра, пишува Ана.