Канаѓанец намерно со камион прегазил муслиманско семејство, четворица загинати (ВИДЕО)

Канаѓанец намерно со камион прегазил муслиманско семејство, четворица загинати (ВИДЕО)

Четири членови на муслиманско семејство загинале во неделата во напад „со умисла“, соопшти канадската полиција.
Дваесетгодишен Канаѓанец намерно влетал со својот камион во муслиманското семејство во градот Лондон, Онтарио. Загинале четворица членови на семејството, а единствениот преживеан е деветгодишно момче, кое сега е во болница со сериозни повреди.

Канаѓанецот е обвинет за четири точки за убиство и едно за обид за убиство, пишува Би-Би-Си.

„Веруваме дека овие жртви беа мета на нападот затоа што се муслимани и дека ова е злосторство од омраза“, изјави вчера на прес-конференција детективот Пол Вејт Тој и додаде дека полицијата разгледува можни обвиненија за тероризам.

Жртвите биле две жени на возраст од 74 и 44 години, 46-годишен маж и 15-годишно девојче. Полицијата соопштила дека напаѓачот Натаниел Велтман (20) бил уапсен без инциденти во трговски центар околу 6 километри од местото на злосторството.