Уапсена е мајката која ги избоде своите деца до смрт: Бабата ги нашла трите мртви внучиња

Уапсена е мајката која ги избоде своите деца до смрт: Бабата ги нашла трите мртви внучиња
Уапсена е мајката која ги избоде своите деца до смрт: Бабата ги нашла трите мртви внучиња

Уапсена е мајката на трите деца избодени до смрт во Лос Анџелес…

Уапсена е 30 – годишната Лилијана Кариљо, мајката на три деца помали од 5 години, кои беа пронајдени во нивниот стан во Лос Анџелес.

Таа е уапсена во округот Тјулер околу 200 километри северно од Лос Анџелес и засега не е познато дали има правен застапник кој би можел да зборува во нејзино име.

Бабата на три дечиња по работа заминала кај своите внуци и ги пронашла нивните безживотни тела во станот во кој не била мајката, пренесува „AP“.

Врз основа на првите наоди од истрагата, може да се заклучи дека децата се избодени до смрт, меѓутоа и понатаму се чека на официјалниот извештај, изјави претставникот на полицијата, наредникот Раул Новел и додаде дека истражниот тим и понатаму се обидува да го утврди мотивот за ова злосторство.

„Во овој момент, осомничена е мајката, но тоа не исклучува и некој друг правец на истрагата и други осомничени“ – изјави Ховел.

Извор: zenskimagazin.mk