Брз тест на личноста: Дознајте каков е вашиот карактер

Брз тест на личноста: Дознајте каков е вашиот карактер
Брз тест на личноста: Дознајте каков е вашиот карактер

Овој тест го открива карактерот на личноста на основа на положбата на рацете. Толку е едноставен така што вашата љубопитност можете да ја задоволите со само 4 чекори. Важно е да ги следите чекорите без особено размислување.

1. Вкрстете ги прстите на дланките исто како на сликата – Ако вашиот десен палец е над левиот, запишете ја буквата Д, ако палецот на левата рака е над десниот палец, запишете ја буквата Л.

2. Нишанете кон некоја невидлива цел со едно затворено око – Ако притоа го користите левото око, а десното сте го затвориле, запишете ја буквата Л, доколку постапивте спротивно запишете ја буквата Д.

3. Прекрстет ги рацете на градите – Ако левата рака ви е над десната, запишете ја буквата Л, ако постапивте спротивно запишете ја буквата Д.

4. Плескајте со дланките – Ако е активна левата рака запишете ја буквата Л, во спротивно запишете ја буквата Д.

Веруваме дека ова не ви претставуваше тешкотија, а сега проверете ги буквите кои ги запишавте во решението во продолжение:

ДДДД – Конзервативна личност, стереотипна која не сака расправи, ДДДЛ – Неодлучна личност, ДДЛД – Комуникативна личност, одлучна со смисла за хумор и уметност, ДДЛЛ – Ретка комбинација, слична комбинација на претходната само што оваа личност е по мека, ДЛДД – Спој на паметна личност а воедно и мека. Потешко стекнува навики, толерантна и по малку ладна личност.

ДЛДЛ – Беспомошна личност, лесно потпаѓа под туѓи влијанија, ЛДДД – Емотивна личност со недостаток на жилавост и упорност, ЛДДЛ – Исто како и претходната комбинација, мек карактер и наивност, ЛЛДД – Ова се едноставни личности, но премногу свртени кон себе, ЛЛДЛ – Рамнодушни, меки во карактерот и по малку наивни, ЛЛЛД – Се карактеризираат со емоционалност и енергичност.

ЛЛЛЛ – Либерална личност, има способност да го одвои старото од новото. Силна личност кога се работи за емоциите, егоистична и тврдоглава, а понекогаш знае и да се изолира, ЛДЛД – Прејак карактер, никогаш нема да го промени своето гледиште на работите, упорна во постигнување на своите цели, ЛДЛЛ – Сличен каракатер на претходната комбинација, малку помеки, склон кон самоаналици и има тешкотии во стекнувањето пријателства, ДЛЛД – Личност која знае да избегне конфликти, комуникативна и често менува хоби, ДЛЛЛ – Независна личност сака се да направи сама.