Каква боја се топчињата? Оптичка илузија за која ниту научниците немаат одговор

Каква боја се топчињата? Оптичка илузија за која ниту научниците немаат одговор

На прв поглед топчињата на сликата се во црвена, сина или зелена боја, но тие всушност се во иста, беж нијанса.

Станува збор за оптичка илузија која е посилна кога сликата се гледа од поголема далечина, а послаба кога ќе се приближите до неа.

Креаторот на оваа слика е Дејвид Новик, професор на универзитетот Тексас во Ел Пасо. Објаснувањето зошто топчињата изгледаат како да се во различни бои, а не беж, зборува за начинот на кој човечкото око ги разбира боите.

„Во суштина илузијата функционира бидејќи нашето око е поприспособено да препознава облици отколку бои“, вели Новик за „Live Science“.

Додека обликот на топчињата е истоветен кога станува збор за сите 12, нивната боја наизглед се менува бидејќи ги „впива“ околните бои, со оглед на тоа што преку нив преоѓаат линии во една од трите бои – сина, зелена или црвена.

Во оваа оптичка илузија, на топчињата им „дава“ боја онаа која преоѓа преку нив, но не и оние кои се во позадина. Со тоа, ако над топчето поминува црвена линија, а зад него се сината и зелената боја, топчето ќе изгледа како да е црвено.

Меѓутоа, кога ќе се тргнат линиите, сите топчиња остануваат во оригиналната беж боја.

Научниците немаат точно објаснување што се случува во мозокот и зошто се менува перцепцијата во текот на гледањето на ваква илузија. Некои од нив сметаат дека таа се формира во текот на самиот почеток на визуелниот процес, кога светлината ќе навлезе во очната мрежница, додека други веруваат дека промената се одигрува во самиот мозок во текот на обработката на податоци од очите. Има и научници кои веруваат дека станува збор за комбинација на овие 2 фактори.

Новик додава дека бројот на варијации на бои и облици во ваквите илузии е огромен и дека се многу интересни затоа што со нив може да се игра со „промената“ на боите.

Извор: Точка